Алаѓозовски – Банов: Наесен ќе ја потпишеме програмата за култура помеѓу Македонија и Бугарија

by fokus

Во рамки на владината посета во Бугарија, министерот за култура на Република Македонија, Роберт Алаѓозовски, оствари средба со неговиот бугарски колега, Боил Банов.

На средбата министрите најавиле дека најновата програма за соработка во областа на културата за периодот 2017-2019 година ќе се потпише во текот на есента.

„Бугарскиот министер Банов се заложи посебен акцент во идните односи да биде ставен на културниот туризам. Министерот Алаѓозовски истакна дека треба да се унапредат и билатералните проекти, кои се поддржуваат од програмите на Европската Унија. При тоа, тој посочи дека капацитетот на македонско-бугарските партнерства не е искористен во мултилатералните проекти, кои се финансираат од програмата на ЕУ „Креативна Европа“.

Алаѓозовски му ја изложи на својот бугарски колега идејата Советот на министри да се развие по добриот пример на Нордискиот совет на министри за култура, кои имаат и заеднички канцеларии и фонд за поддршка на проекти“, се вели во соопштението од кабинетот на министерот за култура.

Поврзани новости