Ново невреме ја зафати Хрватска, водата прекина седница на Саборот

by Фокус

Ново невреме ја зафати Хрватска, црвено предупредување беше издадено за областите Истра, Кварнер, Госпиќ, Карловац и Загреб. Портокаловото предупредување сè уште е на сила во остатокот од земјата.

Седницата на хрватскиот Сабор беше накратко прекината затоа што вода влегла во салата, откако Загреб повторно го зафати силно невреме.

-Затворете го прозорецот, водата проби – рече претседателот на хрватскиот Сабор, Гордан Јандроковиќ, наредувајќи 10-минутна пауза додека собраниските служби не ги затворат отворените прозорци.

Водата почна да истекува низ отворениот прозорец и да протекува по ѕидот на собраниската сала. Водата почна да навлегува и на главната врата на Собранието, која веднаш беше затворена и заштитена со крпи.

Загреб попладне повторно го зафати силно невреме пропратено со силен ветер и дожд.  Сите надлежни институции издадоа алармантни преупредувања за жителите на земјата, особено по хаосот кој настана од невремето завчера во кое имаше и жртви и повредени.

Поврзани новости