Никола Груевски со најголема доверба кај корисниците на апликацијата „сомнително лице“ на МВР!

by lali 19:59
19:59

Апликацијата што неодамна ја промовираше МВР со наменета за пријавување какво било сознание или информација за лице кое подготвува, извршува или има извршено кривично дело за брзо време стана една од најкористените и најпопуларните апликации кај македонските граѓани.

За период од само еден месец, според последните извештаи од користењето на апликација, Никола Груевски ужива најголема доверба на „сомнително лице“ кај корисниците. Тој убедливо го држи првото место со над 20 000 гласови и е далеку над второто место каде со 254 гласови се наоѓаат сомнителни маалски деца кои седат на цименто и пушат една цигара во круг. На третото место со 128 гласови се профилите на луѓе што шетаат и разгледуваат низ бутиците, без да купат нешто.

- Advertisements -

Експертите сметаат дека оваа апликација ќе биде од голема помош и за работата на новиот специјален јавен обвинител кој се очекува да биде избран во текот на утрешниот ден.

 

Напомена: Вестите се измислени и сатирични и служат како пародија од моменталните збиднувања во државава. Но не ја исклучуваме можноста тие во иднина по некоја случајност да станат реални и точни.

Поврзани новости