Нема да присуствуваме на кремирањето на Миша, велат членовите на ,,Рибља чорба”

by fokus

Членовите на популарниот рок бенд “Рибља чорба” нема да присуствуваат на кремирањето на нивниот колега Миша Алексиќ, кое ќе се случи денес на белградските гробишта.

Алексиќ ја изгуби битката со корона вирусот, а на официјалната страница на бендот, останатите членови појаснија дека нема да го испратат на гробишта денес, бидејќи сметаат дека и тој самиот не би сакал да се загрози било чие здравје и живот.

-Заедно ќе жалиме по него, а кога ќе помине се, ќе направиме концерт во негова чест – порачаа од “Рибља чорба”.

Тие додаваат дека Алексиќ починал непотребно, од последици на ковид, кој е еден вид на невидлива болест. Секогаш носел заштитна маска, се чувал и имал многу планови за иднината.

Вики Клинчарова

Поврзани новости