Катастарски парцели презентирани на рочиштето за „Меѓународен Сојуз”

by Fokus

На денешното рочиште за „Меѓународен сојуз“ имаше презентација на материјалните доказите на обвинителство. Обвинетиот Бојан Јовановски, побара дозвола од судот да изрази сочувство за починатиот бизнисмен Енвер Малиќи, но судијката му порача дека судот не претставува медиум.

Таа појасни и дека последното барање на Јовановски за нејзино изземање е отфрлено.

Застапникот на обвинението, обвинителката Милица Гаврилова, на денешното рочиште за „Меѓународен Сојуз”, презентираше “What’s App”, комуникација меѓу обвинетиот Бојан Јовановски – Боки 13 и други лица, меѓу кои и лицето Адриан Амзоски.

Од презентираните материјали можеше да се уочи како Амзоски, на обвинетиот Боки-13, му има пратено слики од различни катастарски парцели, од кои дел во Карпош и булевар Илинден. Исто така, беа презентирани и фотографии, а на една од нив може да се видат заедно, во друштво на едно женско лице, обвинетиот Боки-13 и актуелниот градоначалник на Општина Карпош, Стефан Богоев.

Поврзани новости