Најдена е црната кутија од авионот на Пригожин, се идентификуваат 10 тела

by Фокус

Десет тела се пронајдени на местото на падот на приватен авион во руската област Твер, додека се вршат молекуларни генетски тестови како дел од напорите за идентификација на жртвите, соопшти денеска Рускиот истражен комитет.

Во соопштението се наведува дека се пронајдени црни кутии, предмети и документација кои се значајни за утврдување на причината за несреќата.

„Во текот на истрагата ќе бидат проверени сите можни верзии за настанот“, истакнуваат од руското одделение.

Приватниот авион „Ембраер Легаси“ се урна на 23 август во близина на селото Куженкино во Тверската област. Во него имало десет луѓе, меѓу кои и тројца членови на екипажот.

Според првичните информации, сите загинале. На списокот на патници што го објави Федералната агенција за воздушен транспорт, во авионот се наоѓал и Јевгениј Пригожин, шеф на групата „Вагнер“.

Поврзани новости