Власта посакуваше притисоци, но средбата со Ескобар беше пријателска, рече Милошоски

by Фокус

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милишоски вечерва изјави дека на средбата со заменик-помошникот државен секретар за европски и евроазиски прашања и специјален претставник на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар, било посочено дека пратениците од ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржат уставни измени под диктат на официјална Софија.

-Актуелната влада посакуваше притисоци, но напротив, станува збор за една пријателска средба во која се разменети многу аргументи. За некои работи се согласуваме, за некои имаме различни мислења со господинот Ескобар, но во суштина целта е иста и заедничка – Македонија да напредува – изјави Милошоски на Сител.

Тој додаде дека на средбата со Ескобар било одговорено дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ја изразиле својата волја на пленарната седница и дека тие нема да го променат ставот.

– Немало средба со поединечни пратеници, но ние не би имале проблем доколку во некоја прилика има средба со цела пратеничка група како што беше случај со министрите за надворешни работи на Австрија, Чешка и Словачка. Како пратеници имаме многу повеќе аргументи, што да кажеме, а тоа е дека власта со ова прашање за бугарските барања за смена на Уставот покрива многу други реални проблеми – рече Милошоски.

Поврзани новости