Мицкоски ги повика партнерите на Заев да го напуштат

by fokus

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска ги повика „помалите“ партнери во парламентарното мнозинство да ја напуштат коалицијата поради, како што рече, лажните ветувања на СДСМ. Според него, едно од таквите ветувања е она за една изборна единица.

-јас би бил загрижен да сум коалициски партнер на Зоран Заев, бидејќи едно ветува пред избори, а друго прави после избори. Ги повикувам да не го губат достоинството и да ја напуштат коалицијата, бидејќи само така ќе се случат вистински реформи – рече Мицкоски.

Тој оваа изјава ја даде откако Владата даде негативно мислење за промена на Изборниот законик за формирање на една изборна единица, на барање на владејачките ДС, ЛДП и ДОМ. Од СДСМ посочија дека тие се залагаат за една изборна единица, но истовремено ги следат препораките на ОБСЕ/ОДИХР. ДУИ, пак, е отворено против.

Поврзани новости