Божиновска за „Фокус“: Ќе ја прифатев поканата на Османи, ако можев 100 отсто да се вклучам

by fokus

Поранешната директорка на Комисијата за односи со верските заедници, Валентина Божиновска вечерва во изјава за „Фокус“ објасни дека доколку била во можност 100 отсто да се вклучи во работата на Стратешкиот совет на МНР, таа со задоволство ќе ја прифатела поканата на министерот Бујар Османи. Советот го оценува како брилијантна идеја.

Таа ни го достави и дописот со кој го известила Османи дека поради здравствени причини нема да може да се вклучи во работата на Советот.

-Ја добив поканата од министерот за надворешни работи, Бујар Османи да бидам член на Стратешкиот совет на МНР, кој што ќе треба да изработи Стратешки 10-годишен документ за надворешна политика на државата.

Сакам да ја известам јавноста дека идејата за помирување е една од најсуштествените точки за иднината на државата особено за прашања кои што ја засегаат надворешната позиционираност на земјата и кои се од интерес на сите граѓани. Инклузијата на надворешната политика со граѓаните е клучна во ваквите процеси, но особено иднината ја гледам во помирувањето како рефлексија и обединувачки фактор на здружување на сите политички чинители во општеството. Потребна ни е европска држава со европска иднина.
Општеството, колку и да е тоа тешко, мора да биде подготвено на прифаќање на различните стратегии за да се најдеме што побргу во дворот на Европската унија. Одговорноста за процесите во државата ја носиме подеднакво сите. Почитуван министер, Ви благодарам за поканата и за Вашата идеја, која е брилијантна и во оваа прилика ја поздравувам, но заради моите ограничени активности од здравствени причини, не можам да допринесам во овие мигови, но се надевам на наша идна соработка бидејќи сум убедена дека сите заедно треба да ги подадеме рацете кон проектот за европска држава, стои во дописот.

К.С.Б.

Поврзани новости