533
Поранешниот министер и пратеник Антонио Милошоски, конечно, по половина век обидување напиша смешен статус на Фејсбук. Аналитичарите што ги контактиравме сметаат дека едноставно времето созреало и оти кај нив никогаш немало сомнеж дека кај Милошоски постои хумор иако претходно никој го нема забележано тоа.
– Се убив од смеење и да ви кажам ми олесна, конечно нѐ насмеа. Со ќеф му стиснав лајк и за првпат тоа го направив искрено – изјави скопјанецот Саше Марифетчиски, кој се дружи со Милошоски на Фејсбук уште од почетокот на векот.
Стручњаците велат дека македонскиот народ волку долго чекал само Латас да напише колумна со наслов кој нема да содржи само еден збор.