Горан Трајковски од УЈП стана забар

by Фокус 19:14
19:14

Првиот човек на УЈП Горан Трајковски вчера се повлече од директорската позиција и планира да отвори приватна стоматолошка ординација. Викендов му ја соопштил одлуката на премиерот Никола Груевски, кој многу се изненадил и останал со подзината уста, при што Трајковски му открил кариес на шестката, парадентоза во рана фаза и каменец на предните заби.

– Редно беше по толку пломбирања на дуќани со УЈП да се специјализирам и да го работам она што ме исполнува. Управата нема капацитет да ми овозможи толку интервенции колку што сакам – изјави Трајковски.

- Advertising -

Ексдиректорот на УЈП се надева дека ќе ги привлече пациентите со тоа што во неговата ординација ќе се пуши зашто него никој не го казнува. Попуст ќе има за редовните плаќачи на данок, а прв пациент ќе му биде Коце Трајановски на кога ќе му прави мост ала „Око“.

Поврзани новости