Милевски: Повеќе надлежности и пари за општините и отворени листи за избор на советниците

by Фокус

Локалната самоуправа од запоставен министерски ресор, ЛДП има намера да го направи еден од најважните ресори во државата, вели идниот министер за локална самоуправа Горан Милевски, лидер на либералдемократите.

„ЛДП добива огромна задача да ги зголеми ингеренциите и финансиите на локалната самоуправа. Таа можност ќе ја искористиме заедно со одличниот тим кој ќе го изградиме во самото министерство и со поддршка на премиерот и локалната самоуправа. Драго ни е дека претседателот на Владата, Зоран Заев ги споделува нашите намери и идеи за засилување на локалната самоуправа“, напиша Милевски на фејсбук.

Тој најави дека ќе работи за да ги подобри услугите на граѓаните на локално ниво, за зголемена децентрализација, за искористување на европски фондови, за  поурамнотежен регионален развој, но, како што истакнува, и за отворени листи за избор на советници.

Поврзани новости