Новиот министер за земјоделство Трајан Димковски бил шеф на кабинет на неговиот претходник Љупчо Николовски, кој се повлече од министерската функција откако беше избран за генерален секретар на СДСМ. Николовски јавно му го честиташе изборот на Димовски, порачувајќи:
„Со задоволство Ве информирам дека мојата функција ја продолжува Трајан Димковски, којшто долго време како професионалец работи на проблематиките во земјоделството, а неговата стручност ја пренесе и на позицијата шеф на кабинет во МЗШВ. Очекувам и уверен сум дека успешно ќе ги ги продолжи започнатите мерки и проекти, подготвките на целокупниот сектор за отворањето на поглавјата за земјоделство важни за прептристапниот дијалог со ЕУ, и секако отворената комуникација со земјоделците и со сите чинители во секторот, затоа што само така може да создадеме модерно и конкурентно земјоделство кое ќе биде стожер на нашата економија“.
Димкоски ја сподели оваа објава на Николовски на фејсбук, со коментар: „Довербата се гради“.