Меѓу доказите запленети кај Јанева и еден тефтер, меѓу белешките и името на Боки 13

by fokus

Присутните на денешното рочиште за случајот “Рекет” имаа можност да ѕирнат во куќата на Катица Јанева во Козле, во која престојуваше додека беше шефица на СЈО.

Снимки од претресот беа презентирани на видо бим, на кои се виде запленетата гарнитура од 5.000 евра, како и “Луј Витон” чантата, која обвинителството ја одзело како доказ. Оваа чанта не е иста со торбата од истиот бренд, а во која беше спакуван 1 милион евра.

Исто така беа прикажани и белешки од тефтер на Јанева, но содржината не беше читлива за присутната јавност.

Единствено можеше да се прочита една белешка со содржина “Дали има други снимки, по се изгледа не”, а на дел од страниците се читаше и името “Боки”.

На снимките се прикажаа сите соби од куќата, од спалната соба до бањата, а на приземјето се виде и теретана, со фитнес опрема, меѓу која и боксерска вреќа.

Судењето е во тек.

В.В.

Поврзани новости