Маск наведе уште една причина зошто не го купи Твитер

by Фокус

Милијардерот Илон Маск изјави дека тоа што Твитер исплатил компензација на „свиркач“ од компанијата, е уште една причина зошто тој се откажа од договорот за купување на платформата.

Во писмото за раскинување што адвокатите на Маск го испратиле до Твитер, компанијата е обвинета дека не го информирала потенцијалниот купувач за отпремнината од повеќе милиони долари што социјалната мрежа му ја исплатила на шефот на обезбедувањето во заминување, Петер Затко.

Адвокатите на Маск тврдат дека тоа што Твитер не побарал согласност од милијардерот пред да му ја исплати отштетата на Затко обезбедува друга правна основа за да се поништи договорот со Твитер.

Маск во јули соопшти дека склучил зделка вредна 44 милијарди долари за да го купи Твитер, но набргу потоа се откажа од договореното.

Компанијата потоа го тужеше најбогатиот човек во светот, барајќи да се држи до договореното.

Поврзани новости