Кралицата Елизабета ќе биде погребана на 19-ти септември

by Фокус

Погребот на кралицата Елизабета Втора ќе се одржи на 19-ти септември во 11 часот во Вестминстерската опатија, соопштија од Кралското семејство.

Детали за одвивањето на настаните во наредните денови ќе објавени од Бакингемската палата и Ерл Маршал, војводата од Норфолк, кој е одговорен за аранжманите.

Претходно беше најавено дека денот на погребот ќе биде национален празник за Британија.

Луѓето ќе можат да и оддадат почит на кралицата во катедралата Сент Гилс во Единбург на 12-ти септември и во Вестминстерската палата во Лондон на 14-ти септември.

Поврзани новости