Манчевски: Нема да бркаме од администрација, но ќе се прави реорганизација

by fokus 13:19
13:19

Нема да има бркање од работа во државната администрација, но ќе се прави реорганизација за поголема ефикасност на државната служба, изјави министерот за администрација и информатичко општество, Дамјан Манчевски во интервјуто за Макфакс.

Една од мерките која ќе биде воведена е флексибилно работно време за административците со цел поквалитена услуга за граѓаните најави Манчевски. Тој рече дека се прават анализи да се дојде до точната бројка на вработени во јавниот сектор.

- Advertisements -

„Бројката на вработени е околу 120.000 илјади. Работиме на обработка на податоци и во скоро време ќе ја имаме точна бројка. Свесни сме дека ова бројка е висока, но ќе се обидеме да направиме, реорганизација и релокација на ресурсите со цел сите овие вработени луѓе да бидат ефикасни. Првично за што се залагаме, а како што најавивме е луѓето да се ослободат од партиските стеги. Нема да има повеќе притисоци врз административците, нивна задача е да работат совесно, транспарентно и во рамките на законот. Мора веќе да се смени тој однос, кон државните службеници, рече министерот Дамјан Манчевски.

Поврзани новости