Куририте: Зошто Пендаровски не се качи на малезискиот авион?

by lali 22:36
22:36

Зошто претседателскиот кандидат на СДСМ не се качил на малезискиот авион, анализира денеска порталот „Република“, а текстот во целост, сосе печатните грешки го пренесе „Курир“.

„Не сакаме да спомнуваме детали, ама ова не му е прв пат на Стево Пендаровски да не се качи на авион кој потоа не слетува безбедно. Затоа би било добро да објасни зошто го немаше меѓу патниците на изгубеното летало“, апелира „Република“ на еден ден пред изборниот молк.

- Advertising -

Понатаму порталот заклучува дека ако Пендаровски се качеше на барем еден од авионите можеби ќе беше прифатлив за народот, вака Македонија има само една опција – да не гласа за него.

Поврзани новости