Крупна ѕверка по партиска мерка

by fokus

КРУПНА ЅВЕРКА ПО ПАРТИСКА МЕРКА

Во земјава ни наша, нам што ни е драга,
по прецедник совршен почна да се трага.
Треба да е убав, мудар, и народ да го сака,
да не е марионета во партиска цврста рака.

Кандидатите непознати, ко да не се важни,
и нивните ветувања, баш сите ќе се лажни.
Партиите ќе решат скоро кого ќе ни нудат,
ќе избереме ли будала, пак да ни се чудат?

После Хорхе у прецедници може секој да си појде,
ко космодиск сме шашави, што е наше ќе си дојде.
За Ердоган е срцето, за Обама и намигот ќе стасал,
држава се води така, народот за тоа беше гласал!

Во државава мизерна, со граѓани ептен бедни,
партии ќе нѐ пренесат пак преку водата жедни,
Уште една тура лаги, и ветувања глупи, празни,
народецов е простичок, ќе поверува во сказни.

Партизаните, комитите и фалангата на Аце,
од нас би се срамеле, би кренале и тие раце.
А бре Македончиња, за каде ли се спремаме,
ќе добиеме претседател, но држава ќе немаме!

Поврзани новости