Коце му оставил на Шилегов трошоци од 32 милиони евра и некфалификуван кадар

by fokus 15:03
15:03

Новиот градоначалник на Град Скопје, Петре Шилегов, изјави денеска дека неговиот претходник, Коце Трајановски, му оставил трошоци во износ од 32 милиони евра иако по заминувањето од кабинетот на Трајановски рекоа дека оставаат полна каса.

-Со склучените договори општината има трошоци од 32 милиони евра. Работиме на кратење на овие договори доколку е можно за да не се случи другата година општината да работи за отплаќање на долговите на Никола Груевски – истакна Шилегов.

- Advertisements -

Првиот човек денеска се пожали дека дел од вработените во Град Скопје се неквалификувани. Најави дека градската самоуправа ќе започне со двосменско рабoтење од 7:30 до 19:30 часот, при што во текот на работењето ќе има две паузи.

-Во Град Скопје има неквалификуван кадар, имаме администрација која не е квалификувана за тоа што го работи и ќе се обидеме тоа среднорочно да го решиме – изјави тој.

Шилегов најави дека во општината ќе биде воведен едношалтерски систем со цел услугите да бидат транспарентни и едноставни, а најави и нов сообраќаен режим на Водно.

Тој смета дека има сериозна потреба од промена во системот на вадење на автобуските билети за ЈСП, но не одговори конкретно дали ќе има некакви промени.

Поврзани новости