Активистката Јана Белчева избрана за претседател на Советот на Општина Центар

by fokus 14:48
14:48

Активистката и носител на советничката листа на СДСМ во општина Центар, Јана Белчева Андреевска е избрана за претседател на Советот со 15 гласа “за“ и 6 “воздржани“. Воздржани беа советниците од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

-Ќе ја следиме Вашата работа и брзо ќе очекуваме резултати – порача претседавачот со денешната седница, Цветанка Симоновска.

- Advertisements -

Белчева Андреевска за советник беше предложена од иницијативата “Во одбрана на Дебар Маало“. Таа е дипломиран електро-инжинер и работи како консултант ГИС системи и ИТ.

Поврзани новости