Костадинов најави изборна победа, Стоилковски го праша дали се плаши од „дагау“

by Фокус

Портпаролите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ влегоа во ново препукување преку социјалните мрежи.

Портпаролот на СДСМ Костадин Костадинов најави победа на претстојните избори и дека Зоран Заев ќе биде новиот премиер.

„Избори ќе има, ќе ги победиме толку силно што лавот од логото ќе почне да мјаука“, напиша Костадинов на фејсбук.

Во однос на тоа, реагираше портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, кој пак напиша:

„Лавот се храни со хиени. Познато е дека слатко се гости со нив, а така ќе биде и овој пат. Туку, што толкава нервоза? Да не е страв од некое дагау?“.

Поврзани новости