Детали за времето за следниот период

by Fokus

Денес времето во нашата држава ќе биде оснечво со умерена облачност во претпладневните часови. Попладне ќе има појава на локален дожд. Локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и од северозападен правец, и истиот повремено ќе засилува. Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 20 до 29 степени.

Во Скопје и околината во претпладневните часови времето ќе биде сончево со умерена облачност. Од пладневните часови ќе има услови за локален дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, истиот повремено ќе засилува. Максималната дневна температура се очекува да се искачи до околу 27 степени.

Потоа вп следните два дена условите з анестабилност ќе бидат помали, иако во попладневните часови не се исклучува можноста за локален краткотраен дожд и поретка појава на грмежи. Ново зголемување на условите на истата ќе има од недела, тогаш повторно на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за локална појава на град. Максималните дневни температури, особено за време на викендот ќе бележат тенденција на пораст и ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 34 степени, особено во недела.

Подготви: Славчо Попсоки

Поврзани новости