Коњ предизвика хаос на автопатот Скопје-Тетово трчајќи во спротивен правец

by fokus

Коњ што влече запрежна приколка предизвикал опасност на автопатот Скопје-Тетово, трчајќи во спротивен правец без престан и со голема брзина.

Неколку полициски возила со вклучени сирени се обидоа да го сопрат разбеснетото животно, но тоа и натаму трчаше. На видеото објавено на социјалните мрежи се гледа дека брканицата со коњот трае неколку минути.

При полициската потера од неколку километри, за среќа, не се случи сообраќајна незгода, а животното беше запрено откако со возило полицајците го приклештија до банкината.

Дали и како понатаму успеале да го фатат не е познато бидејќи видеото завршува кога коњот застанува.

Поврзани новости