Пендаровски се обрати на знаковен јазик

by fokus

Претседателот Стево Пендаровски, преку знаковен јазик го честиташе Меѓународниот ден за знаковниот јазик на сите глуви и наглуви граѓани.

„Да им овозможиме непречен пристап до знаковниот јазик и услугите на знаковен јазик на сите наши глуви и наглуви сограѓани. Да помогнеме да ги премостат бариерите со кои се соочуваат во комуникацијата со институциите. Да не заостануваме зад светот во унапредување на знаковните јазици како дел од јазичната и културната разновидност“, напиша Пендаровски на фејсбук.

Поврзани новости