Катица Јанева: Знам дека ме следат, Груевски сакам да се врати како затвореник

by fokus

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева во вечерашното интервју на 1ТВ рече дека таа е свесна дека одредени лица ја следат.

-Јас знам дека ме следат, тоа е многу приметно. Но, тоа не ме оптеретува, имам обезбедување. А, што се однесува до прислушувањето мислам дека е многу намалено, бидејќи манипулации со ПИМ мерките не се можни, рече Јанева.

За бегалецот Никола Груевски Јанева рече дека таа сака тој да се врати како затвореник и дека мисли дека тоа може многу брзо да се случи.

Поврзани новости