Јанева: Со Мицкоски имавме една средба, на негово барање

by fokus

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева во вечерашното интервју на телевизија 1ТВ рече дека таа еднаш се сретнала со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и тоа на негово барање.

-СЈО настана на полотички договор, но заради кризата која настана на правосудскиот систем на Македонија кој не реагираше на бомбите кои беа објавувани, Откако се формира, СЈО работи врз основа на позитивните закоснки прописи. Не работи по ничија нарачка и тоа го докажавме. Јас апелирам да пратениците да го препознаат моментот за донесување на таков закон кој е услов за влез во ЕУ и НАТО. Сме имале една средба со Мицкоски на негово барање. Јас само му кажав дека мора да го има предвид моментот дека Законот за СЈО треба да биде донесен и тој да го поддржи како услов за влез во НАТО и ЕУ. Разговорот беше коректен, рече Јанева.

Поврзани новости