Јаневска: Владата не мисли да се справи со корона-кризата бидејќи не знае како

by Fokus

Сега кога изборите поминаа коронавирусот беснее, луѓе страдаат, докторите и сестрите гинат на работа, а мерки нема, Комисијата за инфективни болести ја нема, нема промени во борбата против епидемијата, обвини на денешната прес-конференција, Весна Јаневска од ВМРО-ДПМНЕ.

-Изборите произведоа нови кластери. Партиски функционери кои се декларираа за страсни чувари и пазачи на мерките, во моментов, а и во минатиот период не ги почитуваа истите. Наместо дел од решението, станаа дел од проблемот, рече таа предупредувајќи дека бројот на заразени од вирусот во земјава се движи кон 10 илјади, а бројката на починати кон 500.

Според Јаневска, оваа криза само ја потврдува неспособноста на Владата на СДСМ да менаџира со текот на епидемијата и здравствениот систем.

-Здравствениот систем се движи кон работ на пропаста. Наместо решенија и здравствени политики остана на популизам и политикантство, што не е дозволиво и во некои други, а не во овие тешки времиња. Македонија стана црна точка во регионот и пошироко. Не знаат дали ова е пик на првиот бран или е вториот бран, не ги знаат кластерите, не ги знаат изворите, не знаат што да превземат и како да настапат, посочи таа и им порача на надлежните да послушаат нешто од предлозите на експертите, со цел да се спасат човечки животи.

Поврзани новости