СДСМ: Лажната грижа на Мицкоски и на ВМРО-ДПМНЕ за здравјето на граѓаните е разобличена

by Fokus
Лажната грижа на Христијан Мицкоски и на ВМРО-ДПМНЕ за здравјето на граѓаните веќе не поминува кај никого и затоа на изборите добија казна каква што заслужуваат, се вели во соопштението за јавност од владејачката СДСМ како реакција на прес-конференција која ја одржа  Весна Јаневска од ВМРО-ДПМНЕ.
-Политиката едно зборувај, друго прави е целосно разобличена. Граѓаните добро видоа кој работи за заштита на јавното здравје, а кој го загрозува. ВМРО-ДПМНЕ зборува за непочитување мерки во изборна кампања, а токму таа партија и Мицкоски беа оние кои ги кршеа мерките за заштита од коронавирусот. Целата јавност го виде неодговорно и опасно однесување на Мицкоски и на ВМРО-ДПМНЕ, сите видоа дека тој не се грижи за ничие здравје и затоа една прес-конференција преполна со лажни факти и манипулации тоа не може да го покрие, велат од СДСМ.

Поврзани новости