Јанчев: И се заканија на мојата сопруга, затоа вечерва одлучив да останам со семејството

by fokus

Митко Јанчев вечерва не дојде на гостувањето на телевизија 24, бидејќи добил закани по живот на неговата сопруга ако се појави во емисијата. Тој потоа телефонски се вклучи и објасни што се случило.

-Последниот месец дена константно добиваме закани на Фејсбук и по СМС. Меѓутоа денеска добивме закана по телефон на мојата сопруга и тоа беше причината да сакам да останам вечерва со семејството. Јас имам пријавено во полиција. Пред референдумот имав закани дека ако излезалм, ќе цитирам: На Јанев во сон му се јави татко му и му рекол дека ако гласа за брзо време ќе се видат. А, мојот татко е починат од 2005 година. Ми се чини дека Фејсбут ботовите се лажни ботови, а СМС пораките се пријавени броевите така да очекувам да се откријат. Сум разговарал за ова со Мицкоски и сега пред 5 минути, тој ме уверува дека не е од негова страна и од страна на ВМРО-ДПМНЕ и би сакал да верувам во тоа. Би сакал моето семесјтво да може да функционира нормално, рече Јанчев.

Поврзани новости