Јанчев не се појави на ТВ 24, бидејќи добил закани по живот кон сопругата и мајката

by fokus

Разрешениот потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, Митко Јанчев вечерва иако најавено, не дојде во емисијата Отворено на телевизија 24. Водителот на емисијата прочита објава дека Јанчев потврдил дека не дошол на гостување поради закани по живот.

-Митко Јанев потврди дека добил сериозни закани, односно неговите сопруга и мајка добиле закани по живот доколку тој вечерва гостува на телевизија 24. Јанчев заканите го пријавил во МВР, соопшти водителот.

Поврзани новости