Илхан Ќучук, известувачот за Македонија, ставен на црна листа на Кина

by Фокус

Бугарскиот европратеник и извесувач за Македонија, Илхан Ќучук, се најде на списокот со десет личности и четири организации за кои Кина воведе контрасанкции откако ЕУ стави на црн список четири лица и една организација поради состојбата на Ујгурите во автономниот регион Ксинџијанг.

Уште четворица европратеници се наоѓаат на оваа листа. Има и дипломати, институти и семејства на кои им е забрането да тргуваат со Кина. Ќучук, кој е член на Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент, беше меѓу иницијаторите за доделување на наградата „Сахаров“ на активистот за човекови права на Ујгурите, Илхам Токти.

Соединетите држави, Европската унија, Велика Британија и Канада во понеделникот воведоа санкции против кинеските власти за кршење на човековите права во Ксинџијанг, што е координирана акција на Западот против Пекинг во времето на новиот американски претседател Џо Бајден. Кина ги отфрла сите наводи за злоупотреба.

„Во услови на зголемена меѓународна осуда, (Кина) продолжува да извршува геноцид и злосторства против човештвото во Ксинџијанг“, рече американскиот државен секретар Антони Блинкен пред состаноците со министрите на ЕУ и на НАТО во Брисел оваа недела.

Поврзани новости