Путин го повикал Бајден на онлајн-состанок, Бајден одбил

by Фокус

Рускиот претседател Владимир Путин го повика американскиот претседател Џон Бајден на онлајн-состанок еден ден откако Бајден го нарече Путин „убиец“ и се закани со нови санкции против Русија.

Меѓутоа, американската страна ја одби понудата на Путин за онлајн-состанок кој би се емитувал во живот на интернет, пренесуваат руските агенции.

„Со жалење можеме да известиме дека американската страна не ја прифати поканата на претседателот на Русија Владимир Путин, тој и американскиот претседател Џо Бајден да разговараат преку видео повик на 19 или 22 март и притоа да ги разгледаат бројните проблеми кои ги оптоваруваат односите на двете земји“, се наведува во соопштението.

Москва потегот на Вашингтон го оцени како „уште една пропуштена прилика да се направи нешто на полето на подобрувањето на односите на Русија и САД“.

Заменичката портпарол на Белата Куќа, Карин Жан Пјер, пак, рече дека средба ќе има кога за тоа ќе дојде време.

Поврзани новости