Игор Пехчевски е стабилен, утре ќе биде пуштен дома, соопштуваат од Детска клиника

by Fokus

Поради интересот на јавноста околу здравствената состојба на Игор Пехчевски, пациентот со цистична фиброза за кого имаше информации дека е во критична состојба, денеска со информација се јавија од Универзитетска клиника за детски болести.

Директорката на Клиниката, проф. д-р Стојка Нацева Фуштиќ изјави дека како одговорен доктор за неговото здравје додека е хоспитализиран на Универзитетската клиника за детски болести „И.П. е во стабилна состојба, со умерено засегната белодробна функција (FEV1=70% од предвидениот) и е предвиден за испишување од клиниката утре (15.04.2023)“.

„Со спроведување на препишаните терапии и редовна физикална терапија, може да се одржува стабилен. Модулаторната терапија (Kaftrio во комбинација со Kalydeco) ќе започне да ја прима кога ќе биде достапна и за пациентите со умерена белодробна болест. Во првата фаза започнавме со терапија кај пациентите со потешка белодробна болест (FEV1 околу 40% од предвидениот)“ се вели во информацијата од Детска клиника.

Поврзани новости