Во време на Миликије Халими бил хаосот во Општина Арачиново, вели актуелниот градоначалник

by Fokus

Актуелниот градоначалник на Општина Арачиново, Ридван Ибраими, обвини денеска дека хаосот кој државниот ревизор го констатирал во оваа Општина бил во времето на претходната градоначалничка, Миликије Халими. Халими беше градоначалник од редовите на СДСМ, додека Ибраими е на ДУИ.

Според државната ревизија, Општината во текот на претходниот мандат, не наплаќала даноци од граѓаните и од фирмите, советниците наплаќале надоместоци иако нема докази за одржани седници и нивно присуство, а на градоначалничката и бил отпишан долг кој требало да го покријат фискални сметки од угостителски објекти, кои, наводно, биле украдени.

Ибраими денеска изјави дека токму тој ги повикал ревизорите во оваа Општина.

-Вината за неплаќањето на данокот на имот и на некои други давачки да не ја барате во жителите, бидејќи не било побарано да плаќаат. Одговорноста за ова е во претходното раководство на Општината. Мора да се потенцира дека тоа е за претходниот градоначалник и управители кои биле должни да работат како што треба. Се што стои таму е дека претходникот на тој начин ја водел општината – рече Ибраими.

Градоначалникот рече дека е отпочнат процесот на заведување на имотот, впишани се над 2 илјади куќи од кои 15 отсто веќе ги платиле давачките, а во тек е запишувањето на уште 450 имоти.

Ибраими признава дека општината нема податоци колку дивоградби и недвижен имот има во Арачиново.

Поврзани новости