537
Делегатите на ВМРО-ДПМНЕ во саботата повторно му дадоа поддршка на претседателот Ѓорге Иванов да трча за уште еден мандат како шеф на државава. Како што се гледа од фотографијата Иванов ужива срдечна поддршка и од најмоќните членови на владејачката партија како што се шефот на УБК Сашо Мијалков, Мартин Протоѓер, скопскиот татко Коце Трајановски и градоначалниот на Општина Аеродром Ивица Коневски. До Иванов е и Груевски и затоа нема потреба да изгледа исплашено како на фотографијата објавена на фејсбук-профилот на премиерот.