(Галерија): Атмосферата на натпреварот Работнички – МЗТ

by Фокус

Натпреварот од 4-то коло на првата кошаркарска лига меѓу МЗТ-Скопје и Работнички е прекинат.

Во салата „Парк“ во Скопје во која имаше скоро 2.000 гледачи, но неспортското однесување на мал дел од нив е причината за прекинот на натпреварот што инаку требаше да биде празник на кошарката.

Откако судиите се вратија на теренот, но домаќините не се појавија во определеното време, натпреварот не се доигра.

По само 27 минути игра, и при 51:35 водство на „Работнички“ судијската тројка одлучи да го прекине натпреварот и да побара делот од публиката каде се наоѓаа „Сити парк бојси“ да ја напуштат салата. По 20-ина минути и домашните кошаркари решија да го напуштат теренот.

За конечната разврска на случајот ќе одлучува деновиве Македонската Кошаркарска Федерација.

Фото: Фокус, 2014.

 

Поврзани новости