840
Кога ќе ги покажеме доказите, Никола Груевски за три дена ќе си поднесе оставка. Со ваква изјава вчера на трибината во Битола излезе опозицискиот лидер Зоран Заев. Тој нагласи дека поседуваат докази, од кои Македонија ќе се срами, зошто се „сензитивни и допираат до меѓуетничките односи.
– Ако не успееме политички, не заслужуваме да ја водиме опозицијата. Е, толку е силна вербата во доказите и аргументите што ги поседуваме – истакна Заев.
Трибината во Битола е прва од планираните 16 што ќе се одржат низ градовите во Македонија.