(ФОТО) Додека градот спиеше, во 02:43 зачука срце, оваа ноќ свиреше симфонијата „Живот“!

by Fokus

И специјализантот по кардиоваскуларна хирургија, Кристијан Бундовски не ја криеше радоста од синоќешната успешна трансплантација на срце во Северна Македонија.

Тој постави и неколку фотографии од операционата сала, велејќи дека победиле хуманоста и љубовта.

„Доцна во ноќта додека градот спиеше во 02:43 часот зачука срце…..Во Република Македонија, на Универзитетската Клиника за Државна Кардиохирургија се направи ПРВА ТРАНСПЛАНТАЦИЈА на СРЦЕ !! Вредните раце и паметните глави на нашите врвни стручњаци на чело со Проф. Др. Сашко Јовев, во оваа вонредна состојба направија чудо….испишаа историја !! Во услови на пандемија, во услови на страв, во услови на безнадежност … победи хуманоста и љубовта. Победи цената за сите оние непреспиени ноќи над книга, победи секоја солза и тага за загубен живот, победи вистинска посветеност, да се биде ! Хируршкиот тим со извонредна професионалност, прецизност и внимание го изведе ова ремек дело, a кога би ги претвориле сите оние милиметарски потези во ноти, во операционата сала број 2, оваа ноќ свиреше симфонијата “Живот” !
Честитки Господа !!!“, напиша тој на својот фејсбук-профил.

Поврзани новости