Пензиите за мај ќе се исплаќаат од наредната седмица

by Fokus

На владината седница донесена е и одлука пензиите за мај да се исплаќаат од 27 мај. Притоа, банките се задолжени да обезбедат доволно банкноти, за пензијата да може да се исплаќа на банкарските шалтери по следниот распоред:

– В среда, 27.05.2020 година исплата на пензии со висина до 11.000 денари;

– В четврток, 28.05.2020 година исплата на пензии во висина од 11.001 денари до 14.000 денари;

– В петок, 29.05.2020 година исплата на пензии во висина од 14.001 денари до 18.000 денари;

– В понеделник, 1.06.2020 година исплата на пензии во висина над 18.000 денари.

Поврзани новости