630
Елионка Андонова и Милан Коцев од Штип се двајца излекувани пациенти од ковид-19 кои даруваа крвна плазма, објави министерот за здравство Венко Филипче.
-Со нивниот хуман чин, тие им помагаат на пациентите заболени од коронавирус побрзо да оздрават. Ги повикувам сите излекувани пациенти кои ги исполнуваат условите за дарување да се јават во Институтот за трансфузиона медицина. Да ја покажеме нашата човечност, да спасиме човечки живот, напиша Филипче на фејсбук.