Државата со години дава субвенции за вработување на работници од етничките заедници

by fokus

Фирмите во приватниот сектор неколку години наназад добиваат државни субвенции доколку вработат граѓани од таргетирани ранливи категории од етничките заедници.

Како што посочува телевизија Алсат, во 2018 година субвенции добивале работодавачите кои ќе вработат жени од помалите етнички заедници, но во последните две години оваа ставка е променета со вработување на жени од сите етнички заедници. Па така, секој работодавач кој по некој од овие основи вработил лице во неговата фирма добива субвенционирана бруто плата во износ од 19.000 денари за период од три, шест месеци или една година.

Оваа програма е дел од оперативниот план за вработување на Владата за што беа издвоени 1,4 милијарди денари.

Инаку, субвенции за компаниите кои ќе вработат припадници на малцински етнички заедници, неодамна најави вицепремиерот Артан Груби.

Поврзани новости