Фетаи демантира дека ќе конкурира за народен правобранител: Сега дознав дека му истекува мандатот на Мемети

by fokus

Обвинителката Фатиме Фетаи нема да конкурира за местото на народниот правобранител Иџет Мемети, чиј мандат истекува годинава. Дел од медиумите објавија дека Фетаи е следниот народен правобранител, но обвинителката Фетаи за “Фокус” ја демантира информацијата.

-Сега дознав дека воопшто му истекува мандатот на народниот правобранител Мемети, вели Фетаи, која ја демантира објавената шпекулација.

Фетаи беше дел од тимот на СЈО, а по распадот на специјалното обвинителство се врати во матичното обвинителство, односно во скопското.

Актуелниот народен правобранител Мемети за прв пат во 2004 година беше избран за народен правобранител, а во 2012 година беше реизбран, за нов мандат од осум години. Тој нема право да конкурира за трет мандат.

Валентина Вурмо

Поврзани новости