Папандреу: Северна Македонија чекаше многу за овој момент и треба да го искористи

by fokus

Поранешниот премиер на Грција, Јоргос Папандреу во интервју за телевизија Телма вели дека „Северна Македонија треба да го почитува Преспанскиот договор, бидејќи долго време чекала на овој момент“.

-Доколку не се почитува Преспанскиот договор, тоа ќе предизвика проблеми на патот кон ЕУ. Северна Македонија чекаше многу за овој момент и треба да го искористи, и многу е важно сега Владата да ги направи потребните промени. Договорот од Преспа е веќе направен, сега треба да се направат промени внатре, што секако ќе бидат за добро на граѓаните и општеството.
Вашата држава сега е на добар пат и се надевам дека сега ќе развиваме повеќе пријателства, вели Папандреу.

Поврзани новости