Димовски: Дудуш вработил 10 роднини и доделил тендери од 230.000 евра на новоформирана фирма

by Фокус

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска повторно го повикаа премиерот Зоран Заев да побара оставка од градоначалникот на Шуто Оризари Курто Дудуш, откако деновиве се појави аудио-снимка која, како што објави порталот Лидер, покажува дека тој малтретира, тепа и навредува граѓанин.

-Молкот на премиерот потврдува дека токму Зоран Заев е поткрепата и силата на насилството и беззаконието кое што функционерите на СДСМ го манифестираат врз граѓаните. Градоначалникот-пулен на Заев поради заштитата која што ја ужива од Зоран Заев се однесува шерифски и не почитува ниту закони, ниту право, а далеку е од морални и етички вредности. Толерираното беззаконие веќе станува начин на функционирање, а главниот стимул на тоа е токму премиерот – рече Димитар Димовски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој додаде дека на Дудуш не му е прв пат да се однесува насилнички, истакнувајќи дека и дека досега не е расчистен ниту еден случај поврзан со него.

-Дека Општина Шуто Оризари и власта Истиот тој Дудуш ја гледа како своја лична своина говори и фактот што вработил 10 свои блиски роднини, во бранот на непотистички вработувања кој што го направија функционерите на СДСМ, за што пренесоа сите медиуми. Ниту за ова не слушнавме осуда од Заев или реакција од институциите. Исто така Курто Дудуш беше дел од скандалот каде Општина Шуто Оризари доделила на крајно сомнителен начин три тендери во вредност од околу 230 илјади евра на новоформирана фирма која што не ги исполнила обврските, а за кои средства биле исплатени. Јавноста се уште не слушнала дали е разрешен овој скандал. На крајот, но не помалку важен е скандалот во кој повторно главен лик е самиот Курто Дудуш, а во кој јавноста виде дека тој зборуваше дека членската книшка на СДСМ ќе биде новата лична карта со која граѓаните ќе се спасуваат доколку возат нерегистрирано возило, со која ќе може да одат на лекар, со која ќе се вработуваат во министерствата, со која ќе се спасуваат доколку ги гони полицијата и слично – истакна Димовски.

Поврзани новости