Од НДП на Весел Мемеди, чиј кадар беше досегашниот министер за локална самоуправа Сухејл Фазлиу, кој во претстојната владина реконструкција ќе биде заменет со лидерот на ЛДП Горан Милевски, реагираат дека оваа одлука е донесена без нивна согласност.
„Министерството за локална самоуправа му припаѓа на коалиционен партнер на Владата, тоа е нашата партија – НДП. Премиерот не може да одлучува без наша согласност ова министерство да му го додели на внатрешен партнер на партијата СДСМ, со кој има внатрешни проблеми, за да ги задоволи неговите коалициони партнери, а во штета на владината коалиција“, се наведува во реакцијата на НДП.
Од партијата на Мемеди порачуваат дека ако премиерот е сериозен во неговата намера, како партија ќе донесат соодветна одлука и ќе одговорат со конкретен став, кој дополнително ќе го соопштат.