Џафери: Не можев да гласам, ме немаше на избирачкиот список

by fokus

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, им честиташе на граѓаните и на институциите за мирниот одржаниот референдум и рече дека овој ден е празничен.

-Граѓаните докажаа дека припаѓаат на нивото на политичка култура од демократски развиените земји, најважно е дека припаѓаме на големото европско семејство. Им честитам на сите домашни институции за мирниот процес кој се одвиваше без сериозна неправилност. Граѓаните денеска ги поставија темелите за идна Македонија. Гласот на суверенот е тој што одлучува за иднината на оваа земја. Се надевам и се надеваме дека одлуката на суверенот е во насока на една подобра иднина за сите граѓани на Македонија. Честитам за овој значаен ден кога се одлучува иднината на сите граѓани, но и на идните генерации – рече Џафери.

Тој потврди дека не гласал на референдумот затоа што не фигурирал на избирачкиот список.

-Точно е дека не можев да го искористам демократското право. Моето име не беше на избирачкиот список во избирачко место каде гласав во сите изборни циклуси претходно. Се надевам се работи за изолиран случај и дека немало слични случаи. Гласот е еднаков, како мојот така и на сите граѓани – рече Џафери.

 

Поврзани новости