Бучковски: Заев и Борисов ќе ги крунисаат напорите што јас и Георгиевски ги правевме со Станишев и Костов

by Фокус

Република Македонија без предрасуди треба да ја прими подадената рака од Бугарија и Софија треба да биде нашата главна поддршка на нашиот пат кон Европската унија и НАТО, смета поранешниот премиер Владо Бучковски.

„Меѓу премиерите Зоран Заев и Бојко Борисов постои доверба, која Борисов ја демонстрира уште во времето кога Заев беше лидер на опозицијата. Првата средба, која се одржа уште во самиот почеток на новата македонска влада, дава надеж дека Борисов и Заев можат да ја преземат одговорноста и да го коригираат сето она што во изминатите 27 години не беше направено од останатите премиери. Во 1999 година направивме сериозен напредок со потпишувањето на договорот од тогашните премиери Љубчо Георгиевски и Иван Костов. Лично сум направил сериозни обиди како премиер заедно со Сергеј Станишев во 2006 година да го сториме  истото, но дојде време во кое Заев и Борисов ќе ги крунисани овие напори“, смета Вучковски.

Според него, договорот меѓу двете земји треба да создаде една поинаква атмосфера, пред се, во Македонија.

 

Поврзани новости