Вучиќ: Србија ја призна Македонија под уставното име и покрај тоа што Македонија го призна Косово

by fokus

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека Србија го признава уставното име на Република Македонија и покрај признавањето на Косово.

„Србија тоа го призна, иако Македонија ја призна независноста на Косово, што сигурен сум беше спротивно на волјата на нејзиното население“, изјави Вучиќ.

Изјавата доаѓа откако српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ на средба со грчкиот колега Никос Коѕиас изјави дека Србија направила грешка што го признала македонското уставно име.

Поврзани новости