Не знам дали Бранко се видел со Стево, ама јас пиев кафе и со двајцата и се договоривме – Зиков ќе биде новиот претседател на СДСМ, изјави утринава Владо Бучковски еден од екслидерите на најголемата опозициска партија.
Неколку дена пред конгресот на социјалдемократите, Бранко Црвенковски во интервју за „Дојче веле“ го предложи Пендаровски за нов лидер на СДСМ, како што рече – без да разговара со него на таа тема. Заев веднаш демантираше и тврдеше дека Пендаровски сепак пиел кафе со Бранко, додека Стево ги изненади сите со изјавата оти тој всушност не се видел ниту со Црвенковски, ниту пак со Заев.
– Не е важно што Зиков не е член на СДСМ, не е ни Стево, битно е што Зиков со себе носи една капитална позитивност и за неговата кандидатурата имаме бетонска поддршка од Минчо Јорданов – додаде Бучковски и го повика несудениот пратеник од ГРОМ, Драгиша Милетиќ да се врати назад во СДСМ, таму каде што оставил посебен печат.